#ФОКУС
ВИДЕО: Се шири лажна вест дека скопјанец потпишал изјава дека има Ковид-19 иако немал, а не се јавил ниту на преглед во болниците
На социјалните мрежи масовно се шири лажна информација дека скопјанец кој имал напад на слепо црево бил одбиен да биде хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ и на Клинички центар без неговиот син да потпише документ дека татко му има коронавирус.
„А1он“ провери низ болниците и клиниките дали пациент со име Јордан Николовски кој има 62 години се јавил на преглед или е хоспитализиран како што се тврди во објавата.
Директорот на ГОБ „8 септември“, Христијан Костов, за „А1он“ вели дека во изминатите седум дена нема примено на преглед таков пациент: „Воопшто не е внесен во системот на податоци на болницата“.
Пациент со такво име и презиме не е регистриран ниту во Ургентниот центар, од каде велат: „Не е регисрирано вакво лице во дневникот на прегледи, ниту во ‘Мој термин’“.
Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, најпрво тврди дека таков документ не постои, а по проверката вели: „Ваков пациент не е примен кај нас на клиника“.
Од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна градска болница, велат дека ниту кај нив немало пациент со ова име и презиме, ниту пак таков случај.
Информацијата која масовно се споделува е лажна вест.