#ФОКУС
(ВИДЕО) Шестмесечно бебе сруши светски рекорд во скијање на вода, но родителите добија критики
Минди и Кејси Хамферис не уживаа во радоста долго бидејќи нивниот мал син Рич го сруши светскиот рекорд. Имено, тие го ставија бебето на скии на вода и го пуштија да го премине езерото Пауел во Јута.
Родителите се пофалија со достигнувањето на нивниот син на социјалните мрежи, но нивната гордост брзо исчезна. Имено, видеото на кое бебе стои на скии и скија на вода со само шест месеци и четири дена, го вознемири поголемиот дел од јавноста.
„Се надевам дека петте минути слава вредат затоа што можеби го загрозивте вашето дете за живот“, „Неговите зглобови сè уште не се целосно развиени, па тој дури и не оди. Дали мислите дека ваквиот стрес е добар за неговото тело? Дали сте размислувале за давење? Вие сте ужасни родители “,се дел од вознемирените коментари од луѓето кои ја предупредија двојката дека полугодишното момче сè уште не е подготвено за такви акробации.
Рекордот за најмлада личност што некогаш скијал на вода го држеше Зила Сент Онге, која скијаше на Сребреното езеро во Флорида, шест месеци и 27 дена.