#ТРЕНД

(ВИДЕО) Шпанската полиција со настап на Лејди Гага и Аријана Гранде испратија силна порака до јавноста

Објавено на

Иако долго се зборуваше за тоа дали ќе се одржи или пак не доделувањето на МТВ наградите „Video Music Awards“, сепак вчеравечер оваа манифестација беше успешно завршена.

Лејди Гага ги освои наградите за уметник на годината, песна на годината, најдобра соработка и најдобра кинематографија. Лејди Гага и нејзините танцувачи имаа скоро десетминутен енергичен настап и тоа под маски. Особено интересна беше онаа на пејачката, бидејќи тоа всушност беше ЛЕД маска која правеше илузија дека Гага „ја отвора устата“, а подоцна на сцената и се придружи и Ариана Гранде.

Официјалниот профил на шпанската полиција го објави вчерашниот настап на Лејди Гага и Аријана Гранде велејќи дека ако они можат да носат маски при ваква кореографија, тогаш можеш и ти.

„Ти смета? Те чеша? Не можеш да дишеш? Маска.“

Трендинг

Exit mobile version