#ДОСИЕ
ВИДЕО: Силен аплауз од другарите за 6-годишно момче по последна хемотерапија
Шестгодишниот Џон Оливер Зипеј, познат и како Џеј О, се борел со леукемија три години. Последната хемотерапија ја примил два дена пред Божиќ. Кога се вратил во училиштето „Света Елена“, по распустот, неговите соученици и наставниците го поздравиле со аплауз додека тој поминувал низ ходникот.
„Му беше тешко што испушти многу часови, но неговиот клас беше многу среќен што повторно го гледа“, истакнал директорот на училиштето, Патрик Генон.
На Џеј О му била дијагностицирана акутна лимфобластична леукемија во 2016 година, кога имал само три години. Тој поминал 18 дена во болница и неколку години примал хемотерапија.
– Имаше метапорт (направа за примање лекови) во неговите гради, па не можеше да извршува физички активности во период од три години. Сето тоа беше тешко за него, мораше да седи на часовите по физичко образование – изјавил неговиот татко Џон Зипеј.