Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Сите карпошани се на прозори и тераси, се журкаат со домашни и странски хитови

Карпошани вечерва на своите тераси се журкаат заедно со ДЈ Бабура Јуниор, кој е дел од програмата „Слушни ги звуците на урбан Карпош“. Тој пушта музика од покривот на „Сити мол“, како што најави, со цел жителите да уживаат во своите домови со добра музика.

https://www.facebook.com/SkopjeCityMall/videos/230582534695436/

Забавата која може да се следи и онлајн започна со латино хитови, а продолжи со поп хитови кои беа актуелни минатата година од еминетни светски ѕвезди. На неговата листа, се најдоа и познати македонски песни, како „Се е против нас“ од Куку Леле. Заедно со него, настапуваше и вилионистот Виктор Ангелов.

Општина Карпош вели дека на овој начин се дава поддршка и на музичката сцена кои не настапуваат поради пандемијата од коронавирусот.

-Карпош продолжува да пулсира во духот на урбаното, во духот на маалскиот соживот и меѓугенерациска дружба. DJ Babura Junior не потсетува на голем број диско хитови, ретро македонска и странска музика, соопштија општинските власти.

Забавата можете да ја следите тука.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: