Медиасет.мк

#ФАЦИ

Калина Велковска од „The Voice“ вечерва со концерт во Скопје

Македонката која го освои жирито во бугарската вeрзија на шоуто за таленти The Voice, Калина Велковска – Кали, вечерва заедно со својот бенд Musaiq ќе одржи концерт кај Млечен.

Во 18 часот е настапот на групата Funk Shui кај Млечен, а веднаш потоа следи вечерниот концерт  на бендот Musaiq со почеток во 20 часот.

Концертот е дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје како подрршка за културните работници.

Во бендот MusaIQ членуваат Калина Велковска – вокал , Петар Лукиќ – клавијатура, Иван Петровски – гитара, Никола Бочваров – бас и Александар Ванчовски – тапани.

Настанот ќе може да се следи во живо на Фејсбук страницата на Град Скопје.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: