Медиасет.мк

Медиасет

(Видео) Срамна сцена во Белград: Постар маж претепа млад човек во ходникот на зградата

На социјалните мрежи се појави снимка од насилство врз малолетник наводно во станбена зграда во Нов Белград, а кое го снимиле безбедносните камери.

Според информациите, младиот човек бил нападнат од постар сосед од зградата.

На Инстаграм, на страницата Serbialive_beograd, во описот на видеото наводно стои изјава на родителите на нападнатиот малолетник.

„Вчера околу 18 часот на улица „Генерала Жданова“ во Нов Белград, мојот малолетен син беше нападнат од сосед неиспровоцирано. Непосредно пред тоа во влезот на зградата влегло и 8-годишно дете кое за среќа не било нападнато. Каде живееме?“, напишале родителите.тинејџери.

На видеото можете да видите како постар човек удира млад човек кој мирно стои во ходникот на зградата и не возвраќа и не се брани, додека друг човек ја набљудува ситуацијата. Нападот е ненадеен и агресивен, почнува со удар во стомакот, а потоа со тупаници во главата додека му се приближува лице в лице. Во еден момент напаѓачот дури го удрил тинејџерот со стап.

На вознемирувачката снимка јасно се гледа како насилникот му вика на младиот човек, додека заканувачки му покажува со прст и го удира.

Се истражуваат сите детали за нападот врз тинејџерот, како и можните мотиви, пишува Блиц.

Трендинг

На почеток
error: