#ФОКУС

(ВИДЕО) Тригодишно девојче пуштало летало, па ја однел ветрот

Објавено на

Тригодишно девојче кое пушта летало на Тајван беше однесено од малку посилен ветер откако се заплетка во опашката на леталото.
Инцидентот се случил на фестивалот Змеј во Хсинчу, Тајван. Локалните медиуми објавија дека девојчето завршило со мали гребнатини на лицето и вратот, пишува Би-Би-Си.

На видеата од инцидентот се гледа како учесничката тешка 13 килограми на Интернационалниот фестивал „Змеј“ се заплетка во долга лента од портокалов змеј што ја крена на неколку метри во воздухот цели 30 секунди.

Змејот полека се спушташе и луѓето ја зграпчија, јави ЦНА.

Градоначалникот Лин Чих-чиен се извини на Фејсбук за инцидентот и додаде дека градската администрација ќе го испита случајот за да не се повтори нешто слично.

Трендинг

Exit mobile version