#ФОКУС

ВИДЕО: Уникатните Minions не едуцираат како да се заштитме од корона, преслатко!

Објавено на

Гру и популарните жолти мињони од анимираната филмска франшиза Despicable Me („Подлиот јас“) преку видео спот ги повикуваат луѓето да држат растојание едни од други за да помогнат во борбата против ширење на новиот коронавирус.

Американксото студио „Илуминејшн“ кое стои зад Despicable Me, го направи спотот заедно со Светската здравствена организација и Фондацијата на Обединетите нации.

Гласот е на актерот Стив Карел (Гру), а телевизиската реклама ќе биде преведена на повеќе јазици вклучувајќи шпански, португалски и арапски, меѓу другите.

Во едноминутното видео, Гру ги поттикнува луѓето редовно да ги мијат рацете и да одржуваат физичко растојание, да најдат забавни работи што може да ги прават дома, како на пример танцување и готвење нови јадења, и да бидат добри еден кон друг.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version