Медиасет.мк

#АМАЗОШТО

(ВИДЕО) Јутубер поминал 50 часа закопан под земја: Вака изгледа кога ќе ве закопаат живи

Јутјуберот „MrBeast“ чие вистинско име му е Џими Доналдсон, помина повеќе од два дена под земја – во ковчег, а целото искуство го објави на својот јутјуб-канал.

Во дванаесетминутното видео направено од неговите 50 часа поминати под земја, откри што правел и како се чувствувал во специјализираниот ковчег.

Џими е познат по бројните предизвици кои ги прави од чиста забава, но овојпат бизарноста ја однесе на сосема друго ниво.

Тој морал да уринира во пластични шишиња, а призна дека воопшто не се чувствувал пријатно.

„Сакам да се движам, но не можам. Грбот ме боли, почнувам да се чувствувам клаустрофобично, досадно ми е, мирисам прилично лошо“, вели јутјуберот за време на искуството.

Откако поминал 50 часа закопан под земја, Доналдсон се расплакал.

„Вака изгледа кога ќе ве закопаат живи. Толку сум среќен што излегувам надвор, плачам од среќа. Ова беше глупаво“, признал тој додека пријателите го откопувале.

Неговото видео стана вирален хит и собра над 51,120,000 прегледи на „Јутјуб“.

„Како некој што е крајно клаустрофобичен, ова буквално би ме убило“, „Фактот што Џими плачеше докажува само дека тој навистина поминал 50 часа закопан“, „Само додека го гледам во гроб добивам напад на аксиозност“, „Ова е мојот најголем страв, а тој го прави тоа за забава“, се само некои од коментарите под видеото.

На почеток
error: