Ветеринарот д-р Сашко Ташковски 24 часа се борел да ја спаси Џеки по труењето на плоштадот Којник во Велес. По макотрпните часови во ветеринарната амбуланта, сега, кучето е во добра здравствена кондиција и за неколку дена ќе биде како нова, соопштил ветеринарот.
Таа настрадала како последица од расфрлан отров на плоштадот Којник од страна на неодговорни граѓани. Којничани за Џеки велат дека е мирно и дружељубиво куче кое секојдневно ги развеселува.
