Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

(Видео) Во Дубаи отворена најголемата фонтана во светот

Најголемата фонтана во светот беше пуштена во употреба во Дубаи во четвртокот со прекрасен огномет.

Посетителите со маски за лице, во согласност со мерките против ширење на коронавирусот, се собраа за да уживаат во танцот на водата и светлината.

Фонтаната зафаќа 7.327 квадратни метри, осветлена е со 3.000 ЛЕД светла, а 7.500 млазници фрлаат вода во висина до 105 метри.

Фонтаната се наоѓа во трговскиот центар „Поинте“.

Најновата атракција на Обединетите Арапски Емирати влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот.

Ќе работи цела година од утро до полноќ, а млазниците ќе се активираат на секои три минути во различни бои.

Трендинг

На почеток
error: