Медиасет.мк

#ФАЦИ

Амди Бајрам имал и корона

Поранешниот пратеник Амди Бајрам, освен компликции со срцето, имал и корона. Тестот што постхумно му беше направен во клиниката „Филип втори“ покажал дека Бајрам  бил позитивен на Ковид-19.

64-годишниот политичар, веќе бил починат кога бил донесен во клиниката Филип Втори поради проблеми со срцето. Нему неодамна му беше ампутирана едната нога.

Лекарите, сега ќе ги бараат неговите контакти бидејќи пред околу две недели тој беше во Истанбул, каде што правеше свадба за својата внука со околу 600 гости, а преку 200 од нив беа гости од Македонија.

Амди Бајрам ќе биде погребан денеска на гробиштата во Бутел, а од неговиот дом во населбата Бутел ќе тргне и погребната поворка. По социјалните мрежи се споделува повикот сите Роми и не-Роми да се придружат на поворката од 14 часот.

„Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек“, се вели во повикот.

 

Трендинг

На почеток
error: