#КИНО
(Видео) „Време за лов“ – дистописка верзија на Јужна Кореја
„Време за лов“ (Time to Hunt) е модерен јужнокорејски трилер на „Нетфликс“, кој го истражува футуристичкиот свет на насилство и мачизам (претерана машкост), оценуваат азиските медиуми.
По правниот спор поради кој филмот беше повлечен од планираниот датум за прикажување на 10 април, научнофантастичниот акција-трилер на Џун Санг-хин, „Време за лов“ (Time to Hunt), неодамна пристигна на „Нетфликс“ со наезда куршуми и непроверен мачизам, пишува „Саут Чајна морнинг пост“.
Дејството е сместено во блиска иднина, во дистописка верзија на Јужна Кореја. Филмот следи четворица млади силеџии кои стануваат цел на платен убиец кога ќе ограбат едно казино.
Јужнокорејскиот крими трилер-акција, напишан и режиран од Џун Санг-хин, „Нетфликс“ почна да го прикажува на 23 април годинава.
Филмот премиерно беше прикажан на 70-тиот меѓународен филмски фестивал во Берлин на 22 февруари, со што стана првиот корејски филм прикажан во специјалниот дел на Берлиналето (Berlinare Special).