#ФОКУС
ВИДЕО: Забележани јата Сончарки во водите на Охридското Езеро
Охридскиот нуркачки центар „Амфора“ забележал дека од неодамна Сончарките живеат и во водите на Охридското Езеро.
„После подолга обсервација на овој интересен вид риба кој природно не припаѓа во ендемичниот екосистем на Охридското Езеро забележавме многу интересни моменти особено во нејзиното однесување за време на мрестење“, информираат од Амфора.
Тие главно се хранат со инсекти и ларви, а широко распространетите перки во текот на нејзиното движење претставуваат одбранбена функција. Како што може да се забележи и на видео инсертот, најгресивното и најчесто однесување е “фронтална закана” карактеризирана со брзо нафрлување, удирање и бркање на рибите кои се во непосредна близина, а во крајни случаи проследено со благо каснување, со цел да ги заштитат границите на својата територија. Доколку сончарката се чувствува инфериорна во обидот да ја одбрани територијата најчесто бојата и потемнува од страните.
Сезоната на мрестење е обележана со присуство на мажјаци на плитки, кружни гнезда кои истите ги бранат од другите сончарки од причина што најчесто ги градат овие гнезда во групи, а и мрестилиштата им се во непосредна близина. По завршување, групата сончарки ја напушта локацијата на мрестот.
„Најчесто ги има во плитки води на длабочина од 3-5 метри, но забележавме и повеќе јата на длабочина од 10-15 метри во присуство на други риби“, велат од Амфора.