#ФАЦИ

Вики Миљковиќ прозборе за парализата на синот

Објавено на

Фолк-пејачката Вики Миљковиќ неодамна во интервју првпат прозборе за здравјето на нејзиниот син Андреј (10) и за драмата низ којашто поминале оти тој одеднаш како да се парализирал и не можел да стои на нозе. Пејачката откри дека ова се случило пред неколку години, ама дека и сега ѝ е болна тема и дека ретко се навраќа на тоа.

„Андреј неколку дена имаше покачена температура која не можевме да ја симнеме со сирупи, капење, разни облоги. Не помогнаa ни лековите ни старинската медицина. Отидовме на лекар, правевме анализи на крвта и тоа траеше неколку дена. Одеднаш температурата му се спушти и Андреј таа вечер спиеше мирно по долго време. Кога помислив дека најлошото помина, ме разбуди неговиот плач. Викаше на глас дека не може да стои на нозе. Стапалата му се згрчија, а потколениците му беа тврди како камен. И денес се вознемирувам кога ќе се сетам на ова, беше страшно“, рекла Вики во интервјуто.

Членката на жирито на „Гранд“ вели дека болката во нозете по половина час му попуштила, и тие дознале дека станува збор за силно грчење на мускулот. Оттогаш Андреј е добар.

„И сега не ми е јасно зошто тоа му се случи на двете нозе одеднаш. Беше како парализиран. Се надевам никогаш веќе нема да се повтори“, додала Вики.

Трендинг

Exit mobile version