#ФОКУС

Вирусологот Ана Глигиќ: Руската вакцина е безбедна, би се вакцинирала без размислување

Објавено на

Откога Русите ја пуштија во употреба вакцината спутник V, светот е во дилема дали првата вакцина против короната е безбедна и колку трае нејзиното дејство. И додека Русите се горди на нивната „100 % ефикасна вакцина“ и велат дека ја продале во 20 земји во светот, голем број држави се сомневаат во нејзината моќ. На прашањето како Русите успеаја за само неколку месеци да создадат и тестираат нова вакцина, но и дали е таа безбедна, зборуваше вирусологот Ана Глигиќ од Србија. Таа вели дека верува во ефикасноста на лекот и дека би се вакцинирала без размислување оти е убедена дека Русите добро ја тестирале.

Доктор Глигиќ за медиумите откри дека е добро што во руската вакцина се користел умртвен аденовирус бидејќи целиот свет има аденовируси кај популацијата. Смета дека би било проблематично ако тој се користел во жива форма, но на овој начин смета дека вакцината е безбедна и верува дека е добро тестирана.

„Важно е да се земе репрезентативен примерок. Русите извршија клинички испитувања на 38 лица и тоа е добро, грешките се неизбежни кај илјадници луѓе, околу 30 проценти од резултатите потоа ќе бидат погрешни или позитивни“, вели таа.

На прашањето како Русите реагираа толку бргу и ја направија вакцината за неколку месеци, д-р Глигиќ смета дека за оваа вакцина веќе постоела подлога. Вели дека руските научници сега ја дополниле постојната основа со новиот вирус.

„Тие работеа на вакцината за САРС, но кога болеста исчезна, тие го замрзнаа процесот. Веројатно веќе имаа сè подготвено, само требаше да го продолжат процесот. Оваа вакцина не е неопходно да се тестира 18 месеци бидејќи е генетски модифицирана. Вакцините што во себе имаат жив вирус се тестираат две-три години“, рече таа во интервјуто.

За сега не е познато колку долго ќе трае имунитетот по примањето на вакцината. Русите сметаат дека тоа ќе биде две години, иако немаат докази за ова од истражувањето.

„Времетраењето не е познато затоа што сè уште не поминало доволно време. Но, важно е да се запре пандемијата и да се направи каква било вакцина што дава имунитет. Тие го зедоа како основа аденовирусот, кој е носител и нема да предизвика болест, и во него го вградија тој дел од сегашната корона кој создава имунитет. Во прашање е само една алка во нуклеинската киселина која ќе даде имунитет. Руските научници се многу добри експерти и вакцината е секако безбедна. Русите сигурно нема да застанат тука, тие веројатно ќе направат класична вакцина“, вели Глигиќ.

Трендинг

Exit mobile version