Заменик-министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски во име на Владата на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 149 години од неговото раѓање.
Владата на Република Северна Македонија со овој чин им се придружи на настаните со кои му се оддава почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, за неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.
фото: Влада
Прочитај повеќе Владино одбележување на 149 години од раѓањето на Гоце Делчев at Скопје1.мк.