#ТРЕНД
Владо Георгиев распали по СЗО: Тие се сатанисти, никој не може да ве тера да носите маска
Српскиот пејач и композитор Владо Горгиев на „Твитер“ објави серија пораки од кои може да се заклучи дека е сериозно револтиран од денешната одлука на српскиот кризен штаб за задолжително носење заштитни маски и на отворено.
„Дали е реално дека луѓето го трпат ова? Маски што не заштитуваат од ништо да се носат на отворено? Набргу ќе ви прават што ќе посакаат!“, им порача српскиот пејач на своите следбеници на социјалната мрежа.
Во продолжение, тој го објави и своето незадоволство од начинот на кој СЗО се справува со корона-кризата.
„Кризниот штаб и сите комплет, заедно со глобалистичките сатанистички г***а во СЗО, може само да дадат препорака за носење маски, но никако да наредуваат, никој нема право да издава наредби за носење маски на кои пишува дека не се соодветна заштита. СЗО ботови – СТОП“, наведува Георгиев во следната објава.