„Вчера во Македонскиот Народен Театар се случи мал лектирен маратон. Децата од нашето актерско студио ги изведоа претставите “Зоки Поки”, “Петар Пан” и “Пат околу светот за 80 дена”. Тие 4 часа возбуда, паника, адреналин, страв, храброст, солзи, среќа, тага, смеа, трема, и театарска игра…не можам да ги опишам. Тоа само може да се доживее“, вели актерот Тони Михајловски.Тој упати голема благодарност пред сè на децата-учесници, кои, како што истакна успеале сè да претворат во лесна и инспиративна изведба, покажувајќи талент и храброст од најмала до највозрасна група.„Можеби сум пристрасен но јас во нив видов и нов и храбар театар. Знам дека некои од нив ќе ги гледате во иднина и на “театарските штици” и на екраните“, додава Михајловски.Посебна благодарност беше упатена и до целиот тим кој учествувал во подготовката и реализацијата на проектот – продуценти, педагози, соработници, сценографи, костимографи, дизајнери на звук и светло, како и техничкиот персонал, при што МНТ беше истакнат како „втор дом“ за младите актери.Михајловски им се заблагодари и на родителите за довербата и поддршката, нагласувајќи дека нивната посветеност била подеднакво важна како и онаа на децата.„Идејата ни е со овој лектирен театар да продолжиме и да поставиме на сцената што повеќе дела кои се обработуваат како лектира во училиштата.Се гледаме од септември“, вели Михајловски.
