Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

Во време на карантин, „Фејсбук“ воведува нови реакции за сите да се чувствуваат поврзани а не одвоени

На Фејсбук се појавија можности за нови рекации поврзани со пандемијата на коронавирусот. Покрај лајкови, срца и други емотикони, Фејсбук сега додава реакции што укажуваат дека на лицето му значи, односно е загрижено.

Реакцијата ќе вклучува емотикон што го грее срцето, а од компанијата велат дека се надеваат дека реакцијата ќе им овозможи на луѓето да се чувствуваат повеќе поврзани со семејството и пријателите, од кои моментално се одвоени. Новата реакција доаѓа и кај Месинџер, но ќе изгледа малку поинаку, во форма на пулсирачко виолетово срце.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: