#ТРЕНД
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Бандити стрелаат во човекот што ги шетал кучињата на Лејди Гага
Ден по нападот во Лос Анџелес, во кој беше застрелан и тешко ранет Рајан Фишер, човекот кој ги шетал кучињата на поп ѕвездата Лејди Гага, се појави вознемирувачка снимка од две безбедносни камери поставени на куќата пред која се случи инцидентот.
Целта на разбојниците, двајца афроамериканци кои пристигнале со бело „БМВ“, била да ги украдат трите кучиња на славната пејачка, а пукале откако Фишер дал отпор и почнал да ги довикува соседите. Нападот се случил во близина на неговата куќа, а тој ги шетал трите француски булдози поради тоа што Лејди Гага е во Италија, пишуваат медиумите.
A tiros para robar los perros de Lady Gaga. Así sustrajeron las tres mascotas al paseador de perros de la cantante pic.twitter.com/duCeekoiHO
— EL MUNDO (@elmundoes) February 26, 2021
Бандитите испукале четири куршуми од полуавтоматски пиштол во градите на Фишер, а на снимката се гледа како по ова, се враќаат во белото „БМВ“, секој со по едно куче во рацете. Третиот пес избегал и тој е вратен кај сопственичката. Гага распиша награда од половина милион евра за информации кои ќе ѝ помогнат да си ги врати двете украдени миленичиња.
Според американските медиуми, Фишер е во стабилна состојба и надвор од животна опасност, откако му биле извршени повеќе операции.
Тој е професионален шетач на кучиња, кој според неговиот профил на Инстаграм, со години ја познавал Лејди Гага и работел за неа.