#ХАЈТЕК

Вработените во компанијата Твитер можат засекогаш да работат од дома

Објавено на

Компанијата „Твитер“ на своите вработени им кажа дека можат доживотно да работат од дома дури и по завршувањето на пандемијата на коронавирус.

Ова дојде по соопштувањето дека мерките за работа од дома во времето на пандемијата на коронавирусот се покажале успешни. Сепак, секој кој сака, ќе може да се врати во канцеларија откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки.

Пред неколку дена, „Фејсбук“ и Гугл“ кажаа дека нивниот персонал ќе работи од дома до крајот на годината.

“Во текот на изминатите неколку месеци, докажавме дека можеме да функционираме на овој начин. Значи, ако работата од дома е посоодветна за нашите вработени, ќе ја направиме можна”, соопштија од Твитер.

„Твитер“ ги затвори сите свои канцеларии во март и не планира да ги отвори најмалку до септември.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version