#КИНО

„Врба“ освои награда за најдобар филм во Портулагија

Објавено на

„Врба“ на Милчо Манчевски ја освои наградата „Мануел де Оливеира“ за најдобар филм на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, еден од 20-те водечки во светот. Наградата, именувана по легендарниот португалски режисер, е во програмата Недела на режисерите.

Примајќи ја наградата на сцената во Порто, Манчевски ја посвети на извршниот продуцент на „Врба“ Ник Пауел, британската продуцентска легенда, кој почина лани во ноември, една недела по светската премиера на филмот.

„Убава награда во убав град. Мило ми е што „Врба“ го наоѓа патот до срцето на гледачите во повеќе земји”, вели Манчевски.

Ова е трето признание за Манчевски на Фантаспорто, во 2016 година доби Награда за кариера при што имаше и ретроспектива на неговите филмови, а во 2017 „Бикини Мун“ ја освои Специјалната награда на жирито во истата програма Недела на режисерите.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version