Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ за време на гостувањето во емисијата „Сигнали“ се осврна на ситуацијата во Украина, велејќи дека добил информации од бојното поле.
Како што изјави, видел податоци од бојното поле и не слушал пропаганда, туку само читал проверени информации.
„Очекувајте дека судирот на големите сили ќе биде уште потежок, бидејќи руските сили, како што стојат работите, веројатно ќе го заземат Мариупол“, рече тој.
Вучиќ рече дека се плаши и дека се надева дека мирот ќе се зачува и дека конфликтот нема да се прошири.
„Секој ден има се потешки вести“, посочи тој.
Претседателот ја пофали и изјавата на Јенс Столтенберг за неширење на конфликтот.
Тој се осврна и на изјавите на високи функционери.