Медиасет.мк

#ХАЈТЕК

„WhatsApp“ со нова опција за полесно бришење на насобраните датотеки

Сите гифови, мимови, фотографии и видео снимки кои пријателите ви ги праќаат преку „WhatsApp“ зафаќаат огромен дел од просторот за складирање податоци, а тоа не го ни приметувате.

Многу е напорно да поминувате преку секоја ставка поединечно и да размислувате дали саката да ја избришете или не. Заради тоа, новата функција во рамки на „WhatsApp“ е повеќе од добредојдена, таа го олеснува чистењето и ви помага да ги одберете и избришете непотребните податоци.

Новата алатка на „WhatsApp“ ги групира големите датотеки кои се проследени повеќе пати, за да може лесно да одберете повеќе ставки и сите одеднаш да ги избришете. Исто така, сортира датотеки по големина, што значително ја олеснува одлуката за тоа што прво да избришете.

Секако, секогаш можете едноставно да го исклучите автоматското зачувување на „WhatsApp“ датотеките, така што ќе отворите „Settings“, па ќе исклучите „Save to Camera Roll“ или „Media visibility“, во зависност од тоа кој оперативен систем го користите.

Сепак, доколку сакате да го оставите автоматското зачувување на датотеките и да ја испробате новата алатка потребно е да отворите „Settings”, потоа „Storage and data”, и потоа „Manage storage”.

Трендинг

На почеток
error: