Медиасет.мк

#ФОКУС

Загинатиот на ридската трка во Пробиштип е долгогодишниот автомобилистички судија Кире Андреевски

Почина директорот на ридско-брзинската трка, која вчера се организираше во Пробиштип. Учесник во трката пред самиот финиш изгубил контрола над возилото и удрил во 62-годишниот Кире Андреевски-Кирца. Поради трагичниот инцидент на патеката, беше прекината ридско – брзинската трка, која беше прва од официјалниот календар на шампионатот на Македонија во автомобилизам.

По здобиените повреди при инцидентот, на повредите им подлегнал долгогодишниот автомобилистички судија и директор на трката, член на Автомобилистичката федерација на Македонија, информираше градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов.

-Сакам да изразам искрено жалење и сочувство до семејството и неговите другари од Автомобилистичката федерација на Македонија. Знаејќи ги сите ризици кои ги носи овој спорт посакувам ваквите немили настани да се што поретки или воопшто да не се случуваат, вели Анастасов.

На почеток
error: