Медиасет.мк

#ТРЕНД

Зак Ефрон не може да најде купувач за куќата во Лос Анџелес

Историска победа на режисерката Клои Жао на годинешните „Оскари“ беше омаловажувана и цензурирана во Кина, неколку месеци откако беше критукувана дека ја навредува земјата во која е родена.

Претходно, во интервју за списанието „Филм-мејкер“, Жао ги опиша своите тинејџерски години во Кина како место каде што има лаги насекаде. „Многу информации што ги добив кога бев помлада не беа точни и станав многу бунтовна кон моето семејство и моето потекло.“

Во понеделникот во Кина имаше заглушувачки молк за победата на Жао која се најде во светските наслови бидејќи е прва Азијка со „Оскар“ за најдобра режија.

Клои, родена во Пекинг а моментално живее во САД, е првата Азијка која што триумфира во категоријата најдобра режија за „Земја на номади“. Филмот беше пргласен за најдобар филм, уште еден голем трофеј за неа.

Ниту еден медиум во Кина не го пренесуваше настанот во живо и не беше споменат Оскарот за 39-годишната Клои во „Пиплс дејли“ или во  новинската агенција „Ксинхуа“, официјалните кинески гласила.

На социјалните мрежи имаше мала дискусија на оваа тема. На Douban, популарeн кинески форум на кој се оценуваат филмови , нема тема посветена на 93. „Оскари“. Индивидуални блогери на Weibo и WeChat, двете најчесто користени платформи за социјални медиуми во Кина, ги видоа своите објави во голема мера цензурирани.

Гуда Бахуа, популарна Веибо-инфлуенсерка со 13 милиони фанови, која главно преведува вести за американски шоуа, коментари и настани во живо, сподели видео од говорот за прифаќање на Жао со нејасен наслов „Говор на доделувањето Оскар“ за да избегне цензура. Но, два часа подоцна, нејзиниот видеозапис беше отстранет. Подоцна таа покажа снимка од порака од Веибо во која е наведено дека видеото „не ги помина Веибо-рецензиите“.



На почеток
error: