Занаетчиската комора смета дека постојат дејности кои не можат да не работат во недела поради природата и видот на услугите што ги вршат.
„Во однос на законското решение за недела како неработен ден доставено е мислење до надлежните институции за занаетчиски дејности кои едноставно не можат да не ја вршат дејноста во недела поради природата и видот на услугите што ги вршат. На пример фотографи, козметичари, фризери, цвеќарници, забавни игри и други занаетчиски дејности вршат дејност и во недела, затоа што побарувачката на нивните производи и услуги го диктира денот недела како неопходен за вршење дејност“, велат од Коморатта.
