#ТРЕНД

„Здраво Бред, мислам дека си многу секси“ , Анистон и Пит виртуелно „читаат“ заедничка филмска сцена

Објавено на

После речиси 15 години од нивниот развод, Бред Пит и Џенифер Анистон соработуваа на ист проект, и тоа за добротворни цели.

Неодамна, Бред и Џенифер ги израдуваа фановите со соработката на еден виртуелен проект. Станува збор за читање на сцени од филмот Fast Times at Ridgemont High, кое е организирано од непрофитната организација на Шон Пен – Community Organizer Relief Effort.

Покрај Бред и Анистон, во читањето учествуваа некои од најголемите имиња во светот на шоу-бизнисот, како Морган Фримен, Џон Леџенд, Џулија Робертс и Шон Пен. Настанот беше организиран со цел да се соберат средства за борбата против пандемијата со корона вирусот.

Џенифер ја имаше улогата на Линда Барет, а нејзиниот поранешен сопруг ја презеде улогата на Бред Хамилтон. Актерите ја читаа сцената каде што Линда, ликот на Џенифер, го начекува ликот на Бред како мастурбира. Во меѓувреме, Морган Фримен е нараторот.

„Здраво Бред, знаеш дека отсекогаш мислев дека си сладок. Мислам дека си многу секси“, почнува репликата на Анистон.

И самите можете да забележите дека Бред не останува рамнодушен на овие зборови и се насмевнува, без разлика што станува збор за глума.

На почетокот од видеото, пак, поранешните партнери си разменуваат и неколку зборови:

„Здраво Анистон“
„Здраво Пит“
„Како си?“
„Супер миличок, како си ти?“
„Добар сум“

https://twitter.com/vtusx/status/1306775490812882945

Ова е првпат после нивниот развод Бред и Џенифер да соработуваат, па не е ни чудно што фановите се радосни.

Претходно, годинава тие беа фотографирани зад сцената на доделувањето на SAG наградите – уште еден настан што вистински ги израдува фановите, најмногу заради нежностите кои си ги разменија.

Познатиот пар се раздели во 2005-та, а после разводот на Бред и Анџелина во 2016 се чини дека тие станале добри пријатели.

Трендинг

Exit mobile version