#ФАЦИ
Зекири го победи коронавирусот: Оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои, крајно време е да се освестат!
По голготата која ја помина со коронавирусот, Мухамед Зекири оздраве. Тој беше позитивен на коронавирусот и со своето семејство беше хоспитализиран во болница.
“Од срце сакам да се заблагодарам на секој од вас што бевте со нас во најтешките времиња. Вие сте нашата втора фамилија. Посебно се заблагодарувам на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби“, вели потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири .
По благодарноста до целиот тим доктори кои биле покрај него вели : На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐуште имаат несериозен пристап кон Ковид-19 сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат! Само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминуваме како општество, со свест и совест, може да се спасат себе си, блиските и други недолжни луѓе!
Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател. А, на душебрижниците кои на мене и мојата фамилија ни посакуваа фатален крај ќе им пожелам Господ барем еднаш во нивниот живот да им даде да се почувствуваат како човек. Господ е голем, благодарение на него, Алахмдулилах, јас и мојата фамилија сега сме живи и здрави и сме си дома – сите заедно и уште посилни од претходно„, напиша Зекири.