Медиасет.мк

#КИНО

Жан Рено во улога на негативец во новиот трилер „The Doorman“

Ветеранот на француската филмска сцена Жан Рено и младата актерка позната по улогата во популарната серија „Orange is the New Black“, Руби Роуз, се главни улоги во најновиот акционен трилер на јапонскиот режисер Рјухеи Китамур.

Филмот кој го следи животот на една девојка, добро обичен војник кој ќе се најде на патот на една банда, чиј водич е, ни помалку ни повеќе, легендарниот француски актер Жан Рено.

По враќањето од војна, Али (Руби Роуз) започнува да работи како портир во зграда во Њујорк, каде се спријателува со едно семејство.

Нејзиното ново, тривијално секојдневие ќе биде нарушено од крадци кои го „таргетирале“ тоа семејство, со цел да го пронајдат уметничкото богатство скриено во нивниот стан. Девојката Али е единствената личност што може да ги запре во намерата!

Во улога на негативецот Виктор, Жан Рено за својот нов лик вели дека е човек кој сака да го оствари својот сон, но секако, не оди по вистинскиот пат…

„Се чини дека мојот херој дојде од минатото. Тој е уметник по душа, а не платен убиец. Неговите постапки не се поткрепени со пари, туку тој работи само за да си го оствари својот сон, но секако, тој сон не го реализира на вистински начин“, рече Рено во едно интервју.

Трендинг

На почеток
error: