Актери и вработени во театрите низ Македонија, но и пријатели, познаници, публиката пред која настапуваше, се простуваат од актерот Славиша Кајевски. Сите се во неверување по трагичната вест која ја објави Македонскиот народен театар, дел од нив и без коментар. Актерката Јелена Јованова напиша: „Зошто Славиша, зошто?“.
Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 г. Од 2010 г. е актер во Македонски народен театар – Скопје.
Дел од објавите: