Connect with us

#КИНО

(Видео) Објавен трејлер за новата сезона на „Сексот и градот“

По краткиот тизер што беше објавен претходно во ноември, стриминг-услугата на „Ворнер-медиа“ нуди подолг преглед на новото поглавје на хит-серијата „Сексот и градот“, чија премиера е на 9 декември.

Трејлерот за новата сезона And Just Like That („И едноставно така“) содржи неколку повратни повици до оригиналната серија, вклучително и гласовна нарација на Кери Бредшо (Сара Џесика Паркер), Кери, која со љубов зјапа во плакарот полн со скапи чевли, и кадри од актерската екипа, истовремено нагласувајќи ги промените што се случија во 11-те години од вториот игран филм „Сексот и градот“.

Серијата ги открива Кери, Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристин Дејвис) како се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во своте триесетти години до уште покомплицираната реалност во своте  педесетти. Четвртиот член на главната актерска екипа, Ким Катрал, не е вклучена во серијата по кавгата со Паркер.

Творецот на „Сексот и градот“, Дарен Стар, исто така не е дел од „И едноставно така“. Мајкл Патрик Кинг, кој работеше како „шоуранер“ на оригиналната серија на „HБO“ и ги напиша сценаријата и ги режираше двата долгометражни филмови, повторно е сценарист .

Светските шоу-биз медиуми пишуваат дека новата сезона всушност скока 20 години пред оригиналната серија и ги следи ликовите кои преземаат „ново поглавје“ додека се движат низ животот и пријателството во своите педесетти години.

And Just Like That пристига на 9 декември, 17 години по финалето на „Сексот и градот“ и 13 години по играниот филм од 2008 година.

#КИНО

„Red Notice“ најгледан филм во историјата на „Netflix“

Од „Нетфликс“ објавија дека акционата комедија Red Notice („Црвено известување“) е нивниот најгледан филм.

Објавен на платформата на 12 ноември, веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг-услугата.

Тој е во категоријата топ 10 филмови во последните три недели, а моментално 50 отсто од претплатниците на „Нетфликс“ го гледале филмот, пренесува „Си-ен-ен“.

Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите на филмот Гал Гадот и Двејн Џонсон.

„Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена од овие луди статистики и информации. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на Нетфликс !!! Вие сте причината зошто ги правиме овие филмови. Вашата љубов ни значи се. И во никој случај не го земаме тоа здраво за готово. Ви благодарам“ напиша Гал на својот Инстаграм-профил.

Continue Reading

#КИНО

„Господар на прстените“ ќе се снима во Англија

Втората сезона на ТВ-серијата „Господар на прстените“ на „Амазон“, наместо на Нов Зеланд ќе се снима во Обединетото Кралство. Како што објави „Варајети“, повикувајќи се на свои извори, стрим-сервисот веќе ги одредил првите места за снимање – во околината на Лондон.

Неименуван извор за порталот забележува дека потегот на „Амазон“ бил „многу разочарувачки“ за филмската индустрија на Нов Зеланд. На крајот на краиштата, сите слични филмски адаптации на Џон Р.Р. Толкин беа снимени во оваа земја.

Според наводите, филмското студио „Бреј“ и аеродромот „Бовингтон“ ќе бидат првите места што ќе се користат за снимањето. Подготовките за втората сезона на „Господарот на прстените“ ќе почнат пролетта 2022 година. Претходно оваа година, „Амазон“ потврди дека првата сезона ќе се прикажува на стрим-платформата од 2 септември следната година. Иако приказната се чува во тајност, засега е познато дека дејството на серијата ќе се одвива неколку илјадалетија пред настаните во „Хобитот“ и „Господарот на прстените“ на Толкин.

Continue Reading

#КИНО

Новите „Истерувачи на духови“ први на Боксофисот во САД

Се чини дека „профитабилниот бизнис“ за ловење духови сè уште привлекува кино публика и по речиси 40 години, објави ДПА.

Новиот филм на „Сони Пикчрс“ – „Истерувачи на духови: Животот потоа“ (Ghostbusters: Afterlife) овој викенд ги надмина очекувањата кај публиката и кино благајните. Новото продолжение заработи 44 милиони долари, поместувајќи го „Вечните“ (Eternals) на „Дизни“ од врвот на американскиот Боксофис.

Четвртиот дел од серијалот се очекуваше да собере 30 до 35 милиони долари првиот викенд, кој беше одложен за повеќе од една година поради пандемијата на коронавирус. „Вечните“ падна на второто место во третиот свој викенд, со 10,8 милиони долари, за вкупна сума од 135,8 милиони долари само во Северна Америка.

Четвртиот филм е во режија на Џејсон Рајтман – син на оригиналниот режисер на „Истерувачи на духови”, Иван Рајтман, а со Пол Рад, Кери Кун, Мекена Грејс, Логан Ким, Селест О’Конор и Фин Волфхард во главните улоги. На „Ротен томатос“ филмот постигна просек од 62 отсто, а „Лос Анџелес тајмс“ го опишал како „непромислен творечки неуспех“ кој „не е начисто со шармот и привлечноста на своите претходници“. На ИМДБ, сепак, оценката засега е 7,8 / 10.

Continue Reading
Advertisement

Facebook

Facebook

Трендинг

Copyright © Mediaset.mk / 2020

error: