#ФОКУС

200 денари за да се качите на врв на Галичица

Објавено на

Едно Магаро 200 денари  – вака е насловен постот на фејсбук во кој се пренесува искуство од планинска тура во која на планинарите им е наплатено по 200 денари на врвот Магаро на Галичица. Да, наплатена им била карта со фискална сметка за да се искачат до врвот.

„Вчера наутро на местото кај што вообичаено се поаѓа кон највисоката точка на Галичица, врвот Магаро 2255 н.м.в, наместо со радост, екипно тргнавме со неколку стотки полесни и со многу чемер со себе. Млад дечко, вработен за плата и слушање наредби, излезе од кола спремен со фискален апарат и покрај нашите негодувања, кажа:
„Извинете, знам, не можам ништо да сторам, јас сум само вработен“ И со кренати раменици и свесен и усрамен дека прави компромис со своите морални и етички вредности, ни наплати по 200 денари од човек за искачување на врвот Магаро. Со услови дека ако немаме да платиме не смееме кон врвот, напиша Евгенија Здравевска на фејсбук

„Дали сфаќате која навреда и фашизам е ова? Ееееејјј како не ви е срам!? Како бе господа не се срамите бе? Од кого земате? Од планинари најдовте да гребите? Новчаници не носиме со себе во планина, до сега одевме таму зошто само таму не ни наплаќаа сега и тоа некој паметен го смислил. Уште па кога прашав за што се овие пари – биле за користење ресурси и за движење во Национален парк. И плус, само од ноември до април важи баждаров. Ами на зима ко ќе се качуваме, не користиме ресурси и не одиме пешки…летаме до горе?!

Ми наплаќате за користење на ресурси ( искачување на врв ) од богатството на мојата татковина? Мое е тоа, наше е, кој ви дава право да си присвојувате и па уште да наплаќате за тоа заедничкото кое ни е од Бога дадено? Ми ги наплаќате чекорите? Ајде да е некоја симболична сума, ќе замижевме ама ни повеќе ни помалку половина просечна дневница на еден вработен во државата? А ние невработените? А тој што денес немаше од ранецот да извади? Нема спорт за нив, дома ќе си седат. И оваа појава и лош пример е само на Галичица, зошто до сега никаде, никој во и надвор од државава не ни наплатил за искачување на врв, дури ни таму каде се плаќаат дневници на рејнџери кои вистински се грижат за парковите и дејствијата внатре – што кај нас е квантна физика.
Нека ви стои ова на ѕидот на срамот, како одличен белег, да си го памтите резилов.
Следно, за воздухот да ни наплатите, зошто од ова нема што друго понатака. Само недишење, пишува во постот.

Трендинг

Exit mobile version