#ФОКУС
32-годишниот Трајче Нешковски, пулмолог и раководител на Ковид-единицата е жртвата од сообраќајна несреќа на Рузвелтова
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата Рузвелтова вчера околу 16:30 часот, почина 32-годишниот Трајче Нешковски, пулмолог, а ја раководеше ковид-единицата во детската болница „Козле“.
Во сообраќајната несреќа се судрија два автомобила, „опел“ со струмичка ознака и „цитроен“ со гостиварска ознака.
Првичните информации од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се дека Нешковски, по доживеан срцев удар, изгубил контрола над возилото, а залудни биле сите напори за негова реанимација.
Порано тој беше потпретседател и генерален секретар на СДММ. Целото раководство на СДСМ, вклучително и премиерот Зоран Заев и голем број лекари вечерва преку социјалните мрежи се збогуваат од својот сопартиец, колега и пријател, кој прерано го загуби животот.