Сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд, изјави во интервју за Би-би-си дека тимот на „Фајзер“, како и другите тимови кои работат на напреднатите вакцини против коронавирусот, демонстрирале „чудесна ефикасност“ и прогнозира дека светот може да се врати во нормала напролет.
Изјавата на угледниот канадски имунолог и генетичар доаѓа откако „Фајзер“, кој вакцината ја развива заедно со германската компанија „Бајонтек“, соопшти дека на тестовите врз доброволци била постигната успешност од 90 отсто.
– Јас сум првиот што тоа ќе го кажам, со самодоверба, животот ќе се врати во нормала до пролет. Да, да, да, рече Бел во интервјуто за Радио Би-би-си.
Sarah Montague: so do we now say with confidence that life should be returning to normal by Spring?
Professor Sir John Bell: Yes, yes, yes.Important news from one of the Covid-19 vaccine trials.
Hear the whole interview on the World at One.https://t.co/kHiUG56FCL | @BBCSounds pic.twitter.com/zsk80fzlKG
— BBC Radio 4 (@BBCRadio4) November 9, 2020
Но, Бел не беше првиот што го кажа тоа – минатата недела, италијанскиот научник Франческо Санино од Универзитетот во Неапол, исто така рече дека пандемијата на Ковид-19 ќе заврши во периодот април – мај следната година.
Колегата на Бел од Универзитетот Оксфорд, професорот Питер Хорбај, потврди дека овој момент е важен и поттикнува оптимизам.
– Ми олесна кога ги видов резултатите. Ми се чини ова е добар знак и пресвртница, рече Хорбај.
Потенцијалната вакцина на компанијата Фајзер досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 ја добиле втората доза на 8 ноември.
Вакцината ефикасно штити од коронавирус седум дена по втората доза.
Вакцината е базирана на иновативна технологија mRNA, која го стимулира телото да произведе еден од вирусните протеини, што пак генерира имунолошки одговор на телото против коронавирусот.