Медиасет.мк

#ФОКУС

Професор од Оксфорд: Животот ќе се врати во нормала до пролет

Сер Џон Бел, професор по медицина на Универзитетот во Оксфорд, изјави во интервју за Би-би-си дека тимот на „Фајзер“, како и другите тимови кои работат на напреднатите вакцини против коронавирусот, демонстрирале „чудесна ефикасност“ и прогнозира дека светот може да се врати во нормала напролет.

Изјавата на угледниот канадски имунолог и генетичар доаѓа откако „Фајзер“, кој вакцината ја развива заедно со германската компанија „Бајонтек“, соопшти дека на тестовите врз доброволци била постигната успешност од 90 отсто.

– Јас сум првиот што тоа ќе го кажам, со самодоверба, животот ќе се врати во нормала до пролет. Да, да, да, рече Бел во интервјуто за Радио Би-би-си.

Но, Бел не беше првиот што го кажа тоа – минатата недела, италијанскиот научник Франческо Санино од Универзитетот во Неапол, исто така рече дека пандемијата на Ковид-19 ќе заврши во периодот април – мај следната година.

Колегата на Бел од Универзитетот Оксфорд, професорот Питер Хорбај, потврди дека овој момент е важен и поттикнува оптимизам.

– Ми олесна кога ги видов резултатите. Ми се чини ова е добар знак и пресвртница, рече Хорбај.

Потенцијалната вакцина на компанијата Фајзер досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 ја добиле втората доза на 8 ноември.

Вакцината ефикасно штити од коронавирус седум дена по втората доза.

Вакцината е базирана на иновативна технологија mRNA, која го стимулира телото да произведе еден од вирусните протеини, што пак генерира имунолошки одговор на телото против коронавирусот.

Трендинг

На почеток
error: