Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

(ФОТО) Мечето Теди среќно и растрчано, ужива во новиот дом во Белица

Мечето Теди, кое три и пол години живееше во несоодветни услови и мал кафез во ЗОО паркот во Штип, неодамна отпатува во резерватот на Брижит Бардо и Четири шепи во Белица, Бугарија.

Портпаролот на Скопје ЗОО, Тина Мицковска, која беше меѓу иницијаторите за спасувањето на Теди, објави фотографии на Фејсбук.

„За убав ден, Теди е пуштен надвор во новиот дом во паркот во Белица
После неколку денови во карантин, мечето конечно ужива
Нема веќе решетки, нема веќе мокар бетон.
Абе како насмеан и среќен е на фоткиве, се расплакав“, напиша Тина на Фејсбук.

Трендинг

На почеток
error: