Имајќи ги во предвид општествените состојби на локално, но и на национално ниво во поглед на потребите, ставовите, но и предизвиците пред кои се исправени младите како неопходност се наметнува потребата за изработка на Локална младинска стратегија на општина Охрид.
Од Стратегијата за млади се очекува да ги постави основните принципи и насоки за дејствување на сите чинители во општеството кои во крајна линија ќе доведат до остварување на потребите, правата, но и интересите на младите луѓе.
Локална стратегија за млади, како стратешки документ предвидено е да се креира со активно учество на младите луѓе,релевантните институции, организации и бизнис секторот кои во рамки на еден транспарентен и инклузивен процес ќе ги изразат своите ставови и потреби во рамки на приоритетните области на стратегијата. Содржината на Локалната стратегија за млади ќе ги опфаќа стратешките приоритети, клучните предизвици со кои се соочуваат младите во општина Охрид и долгорочните цели презентирани низ тематските области. Документот ќе се однесува на период од следните пет години.
Со цел успешно утврдување на потребите и барањата на младите луѓе предвидено е спроведување на анкета на примерок од 110 испитаници- млади лица на возраст од 15 до 29 години и анализа на добиените резултати. Резултатите на анкетното истражување треба да бидат составен дел од Локалната младинска стратегија и заклучоците треба да соодветствуваат со добиените резултати од анкетата.
Со особено задоволство Ве покануваме да присуствувате на настанот кој треба да биде основа за изработка на овој стретешки документ на општина Охрид.
Настанот ќе се оддржи на ден 28.09.2021 година, со почеток во 12 часот во големата сала на Советот на општина Охрид, со почитување на протоколите за заштита од Ковид 19.
СООПШТЕНИЕ НА ОПШТИНА ОХРИД