Медиасет.мк

#ОХРИД

Георгиески го честиташе Меѓународниот ден на Бошњаците

Градоначалникот Константин Георгиески, по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Општина Охрид.

– Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, најискрено да Ви го честитам 28 септември, Меѓународниот ден на бошњаците и да Ви посакам здравје, среќа и бериќет. Бошњачката заедница како посебен етнички, јазичен и културен субјект е од особено значење за македонска држава.

Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик ,Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница. Благосостојбата и просперитетот на Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од бошњачката заедница, стои во честитката на градоначалникот Константни Георгиески упатена до бошњачката заедница во Охрид.

Трендинг

На почеток
error: