Медиасет.мк

#ФОКУС

Избран идејниот проект за салата „Партизан“ во Карпош

Завршена е анкетата за избор на идеен проект за обнова на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ позната како „Партизан“.

Во периодот од 8 до 18 февруари, преку веб страната www.karpos.gov.mk гласаа 1.322 граѓани, а мнозинство гласови, вкупно 878 доби идејниот проект кој е подготвен од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро.

Идејниот проект кој беше подготвен од Ивона Крстеска, Марија Гелмановска, Ана Грковска и Александар Кочовски доби 444 граѓани.

Двата идејни проекти беа подготвени на волонтерска основа од Меѓународната невладина организација „Културно ехо“. И двата гарантираат задржување на автентичноста на објектот, но и додавање на нова вредност на салата, мултифункционалност и прилагодување на урбаниот контекст.

Општина Карпош, избраниот идеен проект ќе го достави до Агенцијата за млади и спорт, при што ќе следи подготовка на основен проект и реконструкција на салата.

„’Партизан’ е култен спортски објект, којшто трајно се заштити, а Карпош го доби на трајно користење“, велат од Општината.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: