Медиасет.мк

Медиасет

Телефон во рака може да ве чини и до 4.000 евра во Грција

Грција воведе значително построги казни за користење мобилен телефон за време на возење, а новите правила важат и за странските туристи кои патуваат низ земјата.Според новиот Закон за безбедност во сообраќајот, кој целосно стапи во сила минатата година, користењето мобилен телефон зад волан се смета за еден од најопасните прекршоци и една од главните причини за сообраќајни несреќи.Грчките власти предупредуваат дека возачите кои држат телефон во рака реагираат за околу половина секунда побавно, што при брзина од 110 километри на час значи дополнителни 14 метри сопирачки пат.За прв прекршок е предвидена парична казна од 350 евра и одземање на возачката дозвола на еден месец. При повторување на прекршокот казната изнесува 1.000 евра и шестмесечно одземање на дозволата, додека трет прекршок се казнува со 2.000 евра и забрана за управување возило во траење од една година.Доколку користењето мобилен телефон предизвика сообраќајна незгода, санкциите се уште построги. При втор ваков случај следуваат 2.000 евра казна и одземање на возачката дозвола на четири години, а при трет случај казната достигнува 4.000 евра и забрана за возење во траење од осум години.Законот предвидува и затворски казни. Во случаи на тешки телесни повреди предизвикани од користење телефон зад волан, сторителот може да биде осуден на затвор до 10 години, додека доколку несреќата заврши со смртни последици, казната може да достигне и до 20 години затвор. За несреќи со повеќе жртви е предвидена и доживотна затворска казна.Грчката полиција најавува засилени контроли во текот на летната туристичка сезона, особено на патиштата што водат кон најпосетените туристички дестинации.

На почеток
error: