Планинар се движел низ подрачјето Ангел Флас во округот Мадеира, кога погрешил за брзината на реката и решил да ја премине бил вовлечен од речен вител.
„Струјата го совлада и го однесе во вител, што го зафати и задржа“, соопшти полицијата, пренесува „Индипендент“.
24-годишното момче, го забележал полицаец обучен за пребарување и спасување кој вообичаено патролирал по автопатот низ Калифорнија (ЦХП), а тогаш имал слободен ден и одел по истата патека со семејството.
Брент Донли „ги искористи лентите од ранецот што ги исече и ги врзуваше со мали гранчиња за да може жртвата да ги фати“, рече ЦХП Фресно.
„Секоја секунда се прелеваше огромна количина вода. Тешко е да се замисли“, изјави Донли за АБЦ Њуз.
Планинарот е спасен и се здобил со полесни повреди.