Пејачката Јелена Карлеуша пред неколку дена одржа онлајн концерт на кој имаше и специјални гости.
Карелуша преку Инстаграм им се заблагодари на сите кои учествуваа во проектот, а на нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ му забележа бидејќи не го гледал концертот.
„Благодарам на сите кои работевте на овој неверојатен проект. Благодарам и на тие што со отровните зборови и со лошите дела ја разбудија онаа Јелена Карлеуша која станува кога е најтешко. Благодарам на сопругот кој немаше време да гледа, благодарам на моите деца кои ме направија најгордата мајка на светот“ напиша Јелена на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/CApCgC9gkQa/