Крушевчанец кој живее во Скопје, со својот гест ги стопли срцата на многумина, но измами и солзи. Тој ракажа како од баба која продавала цвеќе во близина на трговскиот центар Буњаковец купил цвеќиња, а таа му раскажала детаљ од кој се фрапирал.
“Ја прашувам, колку ти се цвеќињава бабо?
– Малите 50 денари, големите 100 денари.
И викам, дај ми едно големо и ѝ давам 200 денари. Не треба кусур бабо.
-Ама синко многу ми даваш, јас некогаш цел ден седам тука за 200 денари.
Ајде сега да те сликам и ќе напишам и други да си купат цвеќе насабајле од кај тебе на Партизанска.
-Чекај да ја извадам маскава, убава да бидам.
… Среќата ја прават малите нешта” стои во објавата.
Ајде и ние да бидеме причина за насмевка на бабата, па идниве денови во поминување да си купиме цвеќе од неа!