„И да сум закопчана до грло и да сум разголена, за мене пак ќе се зборува. Со кого и да се сликам и со кого и да застанам, пак ќе се зборува. Ама никогаш не е сè така како што изгледа. Мене повеќе ме плашат оние невините кои молчат, отколку оние за кои мислиш дека знаеш сè“, ова е само дел од муабетот со фолк-пејачката Елена Велевска, која беше гостинка во студиото на „Репортер“.
Зад себе има 25 години кариера, настапи, албуми, песни… и многу поводи за муабет. Свесна дека секогаш ја озборуваат, вели: „Кога еднаш ќе го голтнеш срамот, а мене тоа ми се случи во 2007 година, треба да знаеш и да се носиш со тоа. Јас почнав со хонорар од 400 денари за денес да кажам дека сум ѕвезда.“