Медиасет.мк

#ТРЕНД

Анџелина Џоли објасни: Само моите деца би можеле да објаснат која сум навистина

Таа е јавна личност со децении и глумеше во повеќе популарни филмови.

Сепак, во интервју за „Екстра“, Анџелина Џоли вели дека само нејзините деца го знаат нејзиното вистинско јас.

45-годишната актерка се отвори за тоа какви се очекувањата на луѓето од неа додека зборуваше за новиот анимиран филм „Еден и единствен Иван“, адаптација на најпродаваната, наградувана книга за еден необичен горила, во режија на Теа Шарок.

„Еден и единствен Иван“ – комбинација на авантура и специјални ефекти – е приказна за убавината на пријателството, силата на визуализацијата и значењето на местото што го нарекуваме дом. Филмот е базиран на детскиот бестселер на Кетрин Еплгејт.

Анџелина Џоли го продуцира филмот и го позајмува гласот за слоницата Стела, која му помага на сребрениот горила Иван да направи план за да избега од заробеништво во „Биг топ-мол“. Филмот почна да се прикажува на стриминг- платформата „Дизни плус“ во четвртокот.

Анџелина била заинтересирана за приказната откога ќерка ѝ Шилох (14) прва ја прочитала.

„Шилох ја прочита книгата и потоа почнавме да ја читаме заедно и да разговаравме за Иван и зошто е толку посебен“, објасни таа во интервјуто.

Анџелина говореше и за моралот на филмот за кој нејзиниот колега Бруклин Принс неодамна рече дека филмот ја потенцира важноста на одржување на ветувањата.

„Јас сум таа што сум и не знам како да бидам нешто друго… но, ако ме прашате: Дали луѓето вистински ме познаваат која сум? Мислам дека само моите деца би можеле да објаснат која сум навистина“, рече таа.

Правна битка: Нејзините коментари доаѓаат во услови на предолга бракоразводна сага и нејзиното ново барање приватниот судија да се повлече од работните обврски кон еден од адвокатите на поранешниот сопруг Бред Пит.

Актерката неодамна побара судијата Џон Одеркирк да биде изземен од случајот затоа што не кажал дека во исто време бил ангажиран и од адвокатката на Бред.

Анџелина и Бред почнаа врска во 2005 година, се венчаа во 2014 година, а се разделија само две години подоцна.

 

На почеток
error: