Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

(ВИДЕО) Најскап судир во светот: Штетата проценета на 3,5 милиони евра

Најскапиот судир во Европа, а можеби и во светот, се случил при една сосема обична сообраќајна несреќа… Повеќе возила се движеле зад камп-приколка, а возачите на „Бугати Чирон“ и на „Порше 911“ истовремено одлучиле да престигнуваат и …

Несреќата била неизбежна, а покрај скапите „Бугати“ и „Порше“, во судирот учествувале и возилото со приколката и еден „мерцедес“.

https://youtu.be/Ikpm7eJvFnk

Според истрагата на швајцарската полиција од кантонот Ури, возачот на приколката е полесно повреден и однесен в болница.

Возачите на „Поршето“ и на „Бугатито“ одбиле да потпишат заедничка изјава за сообраќајната незгода.

Проценетата штета предизвикана во оваа несреќа е околу 3,5 милиони евра.

Трендинг

На почеток
error: