Медиасет.мк

#ФОКУС

(ВИДЕО) Сцена како од хорор филм: Ковчези за закопување пациенти со ковид-19 фрлени во гостиварска депонија

На социјалните мрежи се шират фотографии и видеа од депонијата Русино на кои се гледаат мртовечки ковчези фрлени на ѓубриштето.

На едно од објавените видеа, момче кое забележале морбидната сцена се симнува до еден од сандаците, за да го отвори и да провери дали во него има човечко тело. По една минута морничава неизвесност, момчето успева да го отвори ковчегот. Во него беше сместен уште еден лимен, кој се користи за заразените од Ковид-19, но и за авионски трнаспорт на починат.  Сандукот е празен и не се знае дали е заразен или не.

https://www.facebook.com/renoituloveR/videos/3270689023023186/

Депонијата Русино повеќе од еден месец е под блокада на локални активисти кои бараат истата да биде преместена. Тие велат дека ѓубриштето често се пали и го загадува воздухот, како и почвата во околината, на која се одгледува храна.

 

На почеток
error: